| четврток, 6 декември 2018 |

Горбок се враќа во тимот за мечот со Пик Сегед

Gorbok 1 (Custom)
Тренерот Раулк Гонзалез за натпреварот со Пик Сегед во рамките од 2 коло од Б групата на Лигата на шампионите направи само една измена, во тимот го врати Сергеј Горбок.

Левиот бек го немаше на првиот натпревар во Франција против Монпелје, а на негово место тогаш играше Блаженко Лацковиќ. Сега Лацковиќ не е во тимот.

Истиот тим што победи во Монпелје, сега пред домашна публика ќе ја брка втората победа сезонава.
Во екипата на Пик Сегед нема измени, па истот состав што во првото коло пред домашна публика во победи Кјелце, сега допатува во Скопје.

Двете екипи меѓусебе играа пред почетокот на сезоната на турнирот во Кањижа каде триумфираа вардарци со 22-19.

Натпреварот меѓу Вардар и Пик Сегед се игра попладнево со почеток во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”. Судии на натпреварот се Михал Бадура и Јарослав Ондогрецула од Словачка.
gorbok-se-vrakja-vo-timot-za-mechot-so-pik-seged-2548

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top