| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за насилниците по натпреварот Вардар – Шкупи

vardar_apoel_1
Тројца малолетници од Скопје добија кривични пријави за насилство сторено на 9 август по завршувањето на фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи.

Тројцата малолетници по натпреварот се маскирале и на плоштадот во Скопје физички ги нападнале М.М. (23), Б.И. (20) и М.И. (48) од Скопје удирајќи ги со стаклени шишиња и боксови по главата и телото и избегале.

Оштететните биле пренесени во Клиничкиот центар каде им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Скопската полиција презема мерки и активности за утврдување и на други инволвирани лица. Претходно едно малолетно лице веќе добило кривична пријава за учество во тепачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top