Овој тест е многу интересен и лесен, бидејќи во зависност од положбата на малиот прст на левата рака во однос на домалиот прст, може да ви открие какви сте во љубовта.

Резултат 1: Малиот прст го достигнува првиот дел на домалиот прст
Доколку вашиот мал прст го достигнува првиот дел на вашиот домал прст, вашите комуникациски вештини се на задоволувачко ниво. Вие секоја прилика за да останете со некого насамо ќе ја искористите на вистински начин, па затоа не размислувајте премногу и искористете ја секоја можност која ви се нуди.

Резултат 2: Малиот прст го поминува првиот дел на домалиот прст
Доколку вашиот мал прст достигнува до над првиот дел од вашиот домал прст, вие сте паметна личност на која комуникациите и тоа како ѝ одат од раце. На вас изразувањето емоции не ви паѓа тешко и со сите постапувате љубезно и великодушно. Сепак, во тоа треба да бидете многу внимателни, бидејќи луѓето може да ве сфатат погрешно, па да ве oкарактеризираат како извештачена личност. Затоа бидете умерени во давањето комплименти

Резултат 3: Малиот прст достигнува до под првиот дел на домалиот прст
Дури и ако некој ви се допаѓа, вие тоа нема отворено да го покажете, туку ќе чекате да видите што таа личност ќе направи. Доколку таа не реагира, вие брзо ќе се разочарате. Вие, исто така, сте личност која доколку веднаш ги покаже своите чувства, не може многу да постигне на љубовен план. Затоа најдобро е со таа личност да комуницирате по пат на СМС-пораки или преку социјалните мрежи или да пронајдете заеднички пријател кој може да ве спои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


