| четврток, 6 декември 2018 |

Во близина на турскиот брег потона брод со бегалци, најмалку 17 загинати

GREECE-IMMIGRATION-SHIPWRECK
Брод со бегалци кој испловил од брегот на турското летувалиште Бодрум кон грчкиот остров Кос потона денеска, при што загинаа 17 лица, изјави гувернерот на турската провинција Мугла, Амир Чичек.

Toј рече дека осум метри долгиот брод потонал рано утрово кај брегот на турскиот остров Чавуш, објави „Хуриет“.

– На бродот се наоѓале 37 лица. Нашите колеги спасија 20 луѓе и ги пронајдоа телата на 17 лица, рече Чичек и додаде дека ниту еден бегалец не се води како исчезнат.

Во тек е истрага за несреќата, јави Анадолија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top