| четврток, 6 декември 2018 |

Русите собраа сојузници: Заедно со Кина и Иран ќе ја уништуваат ИД

Рускиот сенатор Игор Морозов изјави дека Пекинг донел одлука да учествува во борбите против ИД во Сирија и дека Кинезите испратиле бродови кон сириските брегови.

Ruska-i-kineska-vojska-620x350

Морозов, кој е член на Рускиот федерален комитет за меѓународни односи, тврди дека Кина почнала воена операција против џихадистите на ИД, јавува рускиот портал „Правда“.

– Се знае дека Кина се придржи на нашата воена операција во Сирија, кинески брод веќе влезе во Медитеранот, а го следи и носач на авиони – вели Морозов.

Според него, Иран наскоро би можел да и се приклучи на операцијата која ја спроведува Русија против џихадистите.

На тој начин, руската коалиција го превзема приматот и логично би било да се приклучи и САД, смета Морозов. Според рускиот сенатор, се покажа дека не се ефикасни нападите кои ги спроведува коалицијата предводена од САД и дека џихадистите ги утврдиле своите позиции.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top