| четврток, 6 декември 2018 |

Русија, Сирија, Иран и Ирак создадоа информативен центар за борба против ИД

Русија, Сирија, Иран и Ирак создадоа во Багдад информативен центар за координирање на борбата против „Исламска држава“, јави ТАСС, повикувајќи се на воено-дипломатски извори.

isis

– Успешната дејност на центарот во блиска иднина ќе создаде услови за формирање на координативен комитет со цел планирање на операции и управување на единици од вооружените сили на четирите земји, кои се борат против ИД, навел изворот.

Во центарот со седиште во Багдад ќе работат претставници на генералштабовите на Русија, Сирија, Иран и Ирак.

– Главните функции на тие структури ќе бидат собирањето, обработката, анализа на актуелната информација за ситуацијата во блискоисточниот регион во контекст на борбата против ИД, додал изворот.

Центарот ќе се раководи според ротационен принципи за по три месеци од офицери од четирите земји. – Во согласност со постигнатиот договор првите три месеци тој ќе се раководи од ирачката страна, изјавил изворот за ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top