| четврток, 6 декември 2018 |

Седмица на Баерн во Бундеслигата

baern minhen

Баерн Минхен е фудбалска машинерија што гази безмилосно, а попладнево Баварците ја прокнижија и седмата победа во исто толку натпревари во Бундеслигата.

Нова жртва, седма по ред денеска беше Мајнц, а Баерн победи со 3-0. Можеше да биде и поубедливо, ако Томас Милер погодеше од белата точка во првото полувреме. Киксот го поправи Роберт Левандовски, напаѓач кој игра во извонредна форма и со два гола му донесе нов триумф на Баерн. Левандовски претходно му даде 5 гола на Волфсбург. Боатенг со нов погодок само ја завери победата на шампионот и актуелен лидер во Бундеслигата.

Интересно е што во петте меча денеска, ниту една победа не забележаа домашните екипи. Само Волфсбург освои еден бод во ремито, 1-1, со Хановер, а на сите останати мечеви славеа гостите.

Резултати: Мајнц – Баерн 0-3, Вердер – Баер 0-3, Штутгарт – Борусија М. 1-3, Аугсбург – Хофенхајм 1-3, Волфсбург – Хановер 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top