Од програмата на кратки филмови на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола синоќа се случи и светската премиера на филмот „Долу од рајот“ во режија на Саша Станишиќ. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Бугарија. Кинематографер е Горан Наумовски.
– Филмот првично требаше да се снима во Скопје, но не згрешивме што се одлучивме за Битола, имавме одлични статисти и поднебје за таков тип на филм – рече Наумовски.
Публиката одлично го прифати филмот, а по него , младиот Багашов доби една од главните улоги во нов филм на режисерката Теона Стругар-Митевска.
Главните улоги ги толкуваат Ана Ошавкова, Ханис Багашов, Зоран Бојаровски и други.
Светска премиера синоќа доживеа и филмот „Детото во светот“ на режисерот Гоце Цветановски. Филмот му е посветен на татко му, патеписецот и документарист Љубе Цветановски, кого пошироката јавност го памети по емисијата „Патуваме, сонуваме“. Филмот го промовираше директорот на фестивалот, Димитар Николов.
– Филмот е инспириран од автобиографската книга на татко ми „Детето во мене“ и зборува за детството. Речиси целата фамилија се вклучи во создавањето на филмот. Се работеше според сценарио на чичко ми Владо, кој почина три месеци пред татко ми. Не беше лесно да се снима. „Детето на светот“ е филмски споменик што го изградив за татко ми. Среќен сум што филмот ја доживеа светската премиера токму во Битола – рече Цветановски.
Николов истакна дека режисерот успеал да ги искомпонира документарните филмови што Љубе ги направил со автобиографската книга.
Денеска се одржаа неколку работилници и разговори во рамките на дополнителната програма на фестивалот. Шпанскиот режисер Мигел Љансо го сподели своето искуство како го снимил шпанско-етиопискиот филм „Трошки“ со буџет од само 200.000 евра.
-Користете ги социјалните мрежи за да ги промовирате вашите проекти. Не се држете стриктно до сценариото – доколку наидете на некој интересен лик во кафетерија дури снимате, ангажирајте го и него. Не се залажувајте од преубавите пејзажи – знаат да бидат и опасни. Кога правите нискобуџетни филмови, мора да работите со луѓе што добро ги познавате, за да знаете до каде можат да одат – ова се само дел од советите што младите можеа да ги добијат.
Лауреатот Јаромир Шофр денеска одржа две работилници. Во првата се фокусираше на историјата на чешката кинематографија, како и неговата голема соработка со Јиржи Менцел. Втората работилница ја одржа заедно со кинематограферот Марек Јиха.
-По Втората светска војна настапи нашиот познат Чешки нов бран. Многу сум среќен што припаѓав на оваа брилијантна епоха. Почнав да работам многу млад. Го снимив мојот прв филм кога имав 21 година. Следеше „Строго контролирани возови“, првиот филм на Менцел. Филмот го работевме според книгата на Бохумил Храбал. Менцел беше храбар да ја трансформира оваа книга во филм. Филмот доби Оскар, а таа награда не беше популарна во нашата земја – рече Шофр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


