На денешната прес-конференција што ја одржаа фестивалот „Браќа Манаки“ и Вип оператор, беше претставено жирито на програмата „Нов европски филм“, во состав: Хатиџе Аслан, актерка, Јариф Хоровиц, режисер од Хрватска и Владан Петковиќ, филмски критичар од Србија. Жирито го претстави Дејан Трајкоски, селекторот на програмата „Нов европски филм“. Тој рече дека ваков состав на жирито би го барале многу поголеми фестивали од „Браќа Манаки“.
Членовите на жирито се согласија дека можеби и нема да биде лесно да се избере најдобриот филм и кинематографер, затоа што имаат многу добри филмови. Сите се согласија дека имаат одлично време во Битола и дека посакуваат да имаат повеќе време за да гледаат филмови од другите програми.
Аслан е филмска и театарска актера. Една од најпопуларните улоги и е главната улога во филмот „Три мајмуни“ на големиот режисер Нури Билге Џејлан.
-Единствениот проблем ми е што не постигнувам да гледам повеќе филмови. Се радувам што наидов на филмови за кои не сум ни чул, а се многу добри. Тоа ме изненади пријатно, зашто одам на многу фестивали, затоа мислам дека нема да биде лесно да се договориме за наградите – рече Петковиќ.
Режисерот Хоровиц истакна дека во Битола поминува одлична недела.
-Луѓето се одлични, храната исто така. Гледаме одлични филмови, од кои во добар дел се гледа состојбата во која се наоѓаат младите луѓе во Европа. Македонија и Израел имаат слична клима во филмската индустрија и може да се најдат во копродукии – рече Хоровиц.
Турската актерка призна дека многу е различно кога гледате и глумите во филм.
-Јазикот на филмовите ви се чини многу поразличен кога сте член на жири. Јас имам желба да играм во сите филмови што ги гледам деновиве. Многу сум среќна што сум овде и ми е мило што гледам разновидни филмови – рече Аслан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



