Во рамките на годинешниот Преспански јаболкобер денеска во Ресен ќе биде промовирана работна верзија на компјутерска игра, базирана на платформата на Фејсбук, наменета за промовирање на современи методи на одгледување јаболка.
Десет млади преспанци на плоштадот во Ресен во живо ќе се натпреваруваат во играта, овозможувајќи им можност на експертите да го проценат досегашниот стадиум на развој на играта и евентуалните можности за нејзино унапредување.
Играта е дело на македонски агрономи, стручњаци од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје како и на група фармери ентузијасти од Преспа. Проектот е финансиран од амбасадата на Швајцарија.
Географските и климатските карактеристики на Преспа се вградени во основата на играта, која наскоро ќе може да се игра во целиот свет.
Играта пред ресенчани и нивните гости на Јаболкоберот ќе ја промовираат Високиот претставник на Обединетите Нации, Луиза Винтон, деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, и нивниот домаќин, градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



