Синоќа во Младинскиот културен центар (МКЦ) беше промовирана монографијата „Моќта на театарот“ од Љубиша Никодиновски – Биш, еден од основачите на Младиот отворен театар (МОТ). На неколку сцени по театарите во Скопје е во тек јубилејното, 40. издание на МОТ, чие мото оваа година е „Бариери“.
Промотори на монографијата беа „соборците“ на Биш во изминатите 40 години, професорот по философија, Кирил Темков и Тодор Кузманов, аматерски актер, режисер и новинар.
– Ова е исклучително четови за се она што е значајно и што се случувало сиве овие години на МОТ. Ова е своевиден начин да ја продолжиме оваа приказна. Не беше едноставно да се издржат сите превирања, конфликти во овие 40 години. Но, МОТ стана и е синоним на она што го правевме сиве овие години. Посебно значајна ориентација на МОТ беше нагласената поддршка на младите театарски творци, наши и од други земји – рече Биш.
Професорот Темков во промоцијата се сеќаваше на почетоците на МОТ, потсети на духот кој го носи во себе овој фестивал и на иновативноста и алтернативноста кои ги носеа театарите кои гостуваа на МОТ.
– Ако пред четири децении нѐ прашавте дали овој Фестивал ќе постоеше 40 години, не знаевме да одговориме на тоа прашање. Па тогаш ни ние немавме по 40 години. Ова е фестивал на младите кои носат предизвици кои ние старите можеби веќе ги немаме, ги запуштивме, ама ним им се нужни за нивната егзистенција – рече Темков.
На повеќе од 350 страници од монографијата на Биш се поместени сите програми на 39. изданија на МОТ, сите гостувања, фотогафии, рецензии и осврти за претставите, но и за изданието воопшто.
– Времето на раѓањето на МОТ е време на голем ентузијазам. МОТ не е само фестивал, тој е движење – заклучи Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



