| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Лено ја напушта својата емисија

Познатиот водител на популарното „Тунајт шоу“ (The Tonight Show) Џеј Лено најави дека од сладната пролет ја напушта емисијата и оти ќе биде заменет од Џими Фалон.

Лено (62) ќе ја заврши долгата кариера на водител на „Тунајт шоу“ на пролет 2014 година, седум месеци пред да истече неговиот договор.

Како што соопшти кабловската мрежа Ен-Би-Си (NBC) „Тунајт шоу“ ќе биде преместена од студиото во близина на Лос Анџелес во студиото во Њујорк, каде и почна во 1954 година.

– Се надевам дека ќе имаш среќа како и јас и дека ќе ја задржиш работата додека не станеш старец, наведе Лено во честитката до 38-годинешниот Фалон.

Фалон од 1998 година е водител на емисијата „Сатрдеј најт лајв“ (Saturday Nihgt Live).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top