| четврток, 6 декември 2018 |

Каква коса повеќе ви прилега, кратка или долга коса?

Жените се често во дилема дали да се шишаат или не, а главното прашање кое се поставува е дали ќе им стои добро кратката коса.

И покрај тоа што многумина мислат дека ќе им биде подобро доколку ја скратат косата и ја „залижат“ со гел, или да ја пуштат долгата коса која повремено можат да ја врзат во „коњски опаш“, фризерите откриваат многу поточен и конкретен тест.

Станува збор за правилото од 5,75 сантиметри, односно за правилото кое го открил прочуениот светски фризер Жил Робинсон.

Тајната се крие во аглите, а аголот на вилицата е клучен во одредувањето на тоа, дали некому ќе му стои подобро кратка или долга коса – вели тој.

40ad58d8d587d740718a9fecb222f1fd01-w=600-h=423

Погледнете на сликата на кој начин се пресметува која должина на коса најдобро ви одговара.

Се што е потребно да направите е да ставите молив хоризонтално под брадата, а линијарот да го потпрете на моливот долж увото. Ако растојанието меѓу увото и крајот на брадата е поголемо од 5,75 см, тоа значи дека подобро ќе ви стои долга коса. А доколку растојанието е помало од 5,75 см, сигурно нема згрешите доколку ја скратите косата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top