| четврток, 6 декември 2018 |

Загина маж при судир на мопед и автомобил

Седумдесет и шест годишниот Александар П. од Радовиш починал вчера по тешките повреди со кои се здобил при сообраќајна несреќа.

nesreka

Сообраќајката се случила пред два дена на раскрсница од ул.„Плачковица“ и ул.„Кирил и Методиј“ помеѓу „БМВ“управувано од Н.М.(66) и мопед управуван од Александар.

Од незгодата со тешки повреди се здобил возачот на мопедот и со возило на брза помош пренесен бил во штипската болница  каде на 25.09.2015 година околу 01:30 часот им подлегнал на повредите.

Полицијата во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото на несреќа и превзема мерки за нејзино целосно расчистување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top