| четврток, 6 декември 2018 |

Почина велосипедистот прегазен на „Рузвелтова“

Велосипедистот кој вчера попладне беше прегазен на крстосницата на булеварот „Партизански одреди “ со улицата „Френклин Рузвелт“ им подлегнал на тешките повреди.

сообраќајка1

Се работи за шеесет и четири годишниот скопјанец Нинослав С. кој го загуби животот откако во него удрил автомобил „ауди“ управуван од 20-годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар каде што им подлегнал на повредите.

Ова е втор прегазен велосипедист за една недела на улиците во Скопје. Минатиот петок на „Илинденска“ беше прегазен 13-годишниот Давид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top