| четврток, 6 декември 2018 |

Тур-оператори од Израел, Шпанија, Франција и Јужна Кореја заинтересирани за Македонија

Комитетот за туризам на последната седница донел одлука за проширување на листата на субвенционирани држави, информира заменик министерот за економија, Христијан Делев.

туристи2

По посетата на струшкиот регион Делев истакна дека на барање на тур-оператори листата за субвенционирање туристи е проширена со Израел, Шпанија, Франција и Јужна Кореја.

– Добивме интерес од неколку држави, посебно од Израел каде тур-оператори побараа поголемо субвенционирање за да може да донесат поголем број туристи. Ние тоа и го направивме, донесовме одлука за проширување на листата со држави што ќе бидат субвенционирани, но и за зголемување на субвенциите на некои постоечки држави – изјави Делев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top