Православната црква на Бугарија порарала од Владата во Софија да не се дозволи влез на бегалци во земјата, како што тоа е случај со соседните земји.
– Сметаме дека нашата Влада не треба да дозволи влез на бегалци во земјата – се наведува во соопштението на бугарската православна црква, потпишан од патријархот Неофит и други членови на Светиот синод на бугарската православна црква.
Бугарија, која е членка на ЕУ, но не е дел од шенген зоната, распореди дополнителен број полицајци на граничните премини, постави камери и сензори за регистрирање на движења, па дури постави и заштитна ограда долга 160 километри на границата со Турција, но сепак бегалците повторно наоѓаат начин да влезат во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.