| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот амбасадор во Грција: Дипломатските односи меѓу Македонија и Грција во блага нагорна линија

Македонската амбасада во Атина организираше прием по повод 20 години од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, односно од Времената спогодба и 24 години независност на Македонија. На приемот присуствуваа повеќе странски амбасадори, претставници на грчките власти и Министерството за надворешни работи, како и Македонци што живеат во Грција

– Ќе се осмелам да кажам дека дипломатските односи меѓу Македонија и Грција се наоѓаат во една блага нагорна линија за која веќе имаме одредени поместувања, гледајќи од фактот дека во последниве неколку месеци имаме зголемена комуникација што не беше случај претходно – изјави македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов.

Македонската амбасада во Атина организираше прием по повод 20 години од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, односно од Времената спогодба и 24 години независност на Македонија. На приемот присуствуваа повеќе странски амбасадори, претставници на грчките власти и Министерството за надворешни работи, како и Македонци што живеат во Грција.

Амбасадорот Ангелов во својот говор на приемот истакна дека кога две земји одбележуваат годишници, вообичаено е да се оди наназад и да се анализира што се случувало. Сепак, тој се фокусира на она што доаѓа, нагласувајќи дека во односите меѓу двете земји во изминатите 20 години останаа многу неискористени потенцијали. ­ Пристапот кон кој целиме и се фокусираме е на она што треба да не зближува, а не прашања што не разделуваат. И има долга листа на вакви прашања, заеднички интереси, каде заеднички ќе вложиме напори. Тоа се економската соработка, која е доста добра во последните две децении, иако се уште е далеку од оптималните нивоа, зајакнување на човечките контакти и соработка во образованието, културата и безбедноста, нешто за што силно не потсети ескалацијата на кризата со мигрантите и бегалците на нашите граници, рече Ангелов истакнувајќи дека со ваквиот приод се стигна до договорот за мерки за градење доверба. По приемот, македонскиот амбасадор во изјава за медиумите нагласи дека е најважно што комуникацијата меѓу двете земји тргна и се случува на дневна основа. Коментирајќи го реизборот на грчката Влада, тој изрази надеж дека двете страни ќе можат да се посветaт и на поконкретни работи и резултати на тоа што е првично договорено, а тоа се мерките за градење доверба, што всушност значи и практична соработка меѓу двете држави. ­Пристапот во последните месеци е тоа што ние со години го предлагаме како држава и влада, да не ги запоставиме практичните односи на сметка на тоа што очигледно е, барем досега, непремостливо прашање што не двои, истакна Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top