Јавниот обвинител на Швајцарија , поведе истргата против претседателот на заминување на ФИФА, Сеп Блатер, порди злоупотреба на службената должност и противправно присвојување на финансиски средства.
Според медиумите од Швајцарија, јавниот обвинител на оваа земја го повикал Блатер на сослушување на кое бил и неговиот адвокат Лоренц Енри . Јавниот обвинител на Швајцарија, во соопштението по сослушувањето навел дека Блатер го прекршил кодексот на доверба која ја носи неговата функција и дека на претседателот на УЕФА, Мишел Платини му исплатил два милиони швајцарски франци во февруари 2011 година, пари кои ФИФА ги ислатила за услуги на Платини што ги извршил во периодот од 1999 година до 2002 година.
Дополнително ќе бидат разгледувани останатите детали од овој случај, заедно со многу други за кои беа собрани докази за време на денешниот претрес во канцеларијата на Блатер.
Сеп Блатер е претседател на ФИФА од 1998 година, оваа година беше реизбран, но по кратко време најави дека ќе ја напушти функцијата под притсок поврзан со корупцискиот скандал во најбогатата спортска организација во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст