Во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, денеска во Скопје ќе бидат одбележани 26 септември-Светскиот ден на институтите „Конфуциј“, Празникот на средината на есента и 1 Октомври – Националниот ден на НР Кина.
Светскиот ден на институтите „Конфуциј“ ќе биде одбележан со отворени часови по кинески јазик и култура, додека Празникот на средината на есента во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија ќе биде одбележан со поетско читање и церемонија за чај.
На одбележувањето, кое ќе се одржи на платото пред НУБ „Св.Климент Охридски“, најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Велимир Стојковски и на кинескиот амбасадор во Македонија, Вен Џеншун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст