| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ги отвори ли вечерва и Србија границите?

kolonaХрватска отвори два гранични премини, српската влада ќе заседава во 21 часот. Ќе заврши ли вечерва „балканската трговска војна“, предизвикана од напливот на бегалци?
-Нашата граница е сега во целост деблокирана и сметам дека е ова голема победа за сите граѓани на Србија. ние се однесувавме сериозно и одговорно, а се покажа дека Хрватска ги прекрши и Договорот за стабилизација и асоцијација и други договори- посочи веднаш по отворањето на двата гранични премини од хрватска страна, српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Во меѓувреме тој најави дека српскиот премиер Александар Вучиќ за вечерва во 21 часот свикал седница на владата, на која се очекува да се укинат мерките кои Србија ги донесе како одговор на, како се оценува, економската агресија од Хрватска.
Денеска во Белград допатува еврокомесарот Јоханес Хан, кој повика Загреб да ги отвори границите.
Петдневното затворање на границите меѓу двете земји доведе до километарски колони со камиони од сите балкански држави кои транспортираат стока кон западна Европа. Македонските превозници и членови на стопанската комора чии компании се сопственици на заглавената стока, апелираа на брзо решение заради големи економски штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top