Хрватска ги отвори граничните премини Бајаково и Товарник денеска во 17 часот за сите возила, објави хрватското МВР.
-Во 17 часот е извршена деблокада на границите. Сите автомобили без разллика на регистарските таблички може да влезат во Хрватска, како и камионите- порача министерот Ранко Остоиќ.
Granični prijelazi Bajakovo i Tovarnik otvoreni su za sav promet, bez ikakvih ograničenja http://t.co/V4pz6M2k9H
— Vlada R. Hrvatske (@VladaRH) September 25, 2015
Сепак остануваат затворени другите премини кон Србија- Илок 1 и 2, Принциповац 1 и 2 Ердут и Батина.
Односите меѓу двете држави се заострија откако пеминот Бајаково беше затворен од Хрватска за сиот товарен сообраќај за да се изврши притисок врз Србија дел од мигрантите да ги пренасочи кон Унгарија. Но Србија одбговори со противмерки и го блокираше влезот на хрватската стока преку границите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.