Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на средбата во Истанбул изразиле задоволство од високото ниво на севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, од високиот степен на политички дијалог и доверба, и отсуството на отворени прашања. Биле констатирани традиционално пријателските односи меѓу двете земји и била изразена подготвеност за натамошно унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес, со посебен акцент на економската соработка. Во разговорите, претседателите размениле мислења и информации за актуелните политички состојби, за надворешно – политичките цели и за приоритети на двете земји, како и за состојбите со мигрантската криза.
Претседателот Иванов изразил очекување дека Република Турција во пресрет на претстојниот НАТО самит во Варшава ќе продолжи со силната и отворена поддршка за членство на Република Македонија во Алијансата.
– Доколку Алијансата не успее да изгради консензус за преиспитување на заклучоците од Букурешт и покрај пресудата од Хаг, и не ја поправи грешката и неправдата од Букурешт, тогаш очекуваме да биде креативна и да смисли начин како да ја помести оваа статус – кво состојба, која не е во прилог ниту на Република Македонија, ниту на регионот, ниту на Алијансата, истакнал Иванов.
Двајцата претседатели размениле информации за најновите случувања околу бегалската криза, како најголем предизвик со кој се соочува регионот, Европската унија и Европа во моментов. Иванов посочил дека е неопходна засилена соработка меѓу државите во регионот во контекст на постојано информирање и превенција од заканите и ризиците од илегалната миграција. Во таа насока, двајцата претседатели истакнале дека сите држави се засегнати од бегалската криза и мора да ја споделат одговорноста и да ги почитуваат заедничките политики за справување со кризата, истовремено штитејќи ја својата националната безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)