Сообраќајот на патниот правец Велес-Скопје, кај тунелот Катланово, од 15 и 25 часот се одвива по една коловозна лента.
Како што информира АМСМ, движењето на возилата е забавено, бидејќи е направена долга колона.
Кај тунелот Катланово денеска околу 13 и 50 часот се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две товарни возила и еден патнички автомобил.
Како што информираат од СВР Велес, во сообраќајката едно лице е повредено и со Брза помош е однесено на Скопските клиники.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.