Две товарни и едно патничко возило се судриле денеска во 13.50 часот во тунелот кај Катланово. Во сообраќајната незгода повредено е едно лице.
Од СВР Скопје предупредуваат дека увидот се уште трае и сообраќајот е во прекин.
Сообраќајката го парализираше сообраќајот на автопатот Велес-Скопје. Неофицијално, еден од камионите по сообраќајката останал свртен и ги блокира двете ленти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.