Три девојки ги оставиле своите животи во Турција и оформиле борбена единица за да се борат против џихадистите.
Исламската држава, језидите (ирачко етничко малцинство), ги гледа како следбеници на ѓаволот и нивен најголем страв е да ги убие жена.
Толку ги мразат, што кога во август минатата година извршија масакр над нив, некои од жртвите живи ги закопале. Рапарин, Роза и Деиџи толку многу ги погодила несреќата на тие луѓе, што ги оставиле своите животи во Турција и одлучиле да се одмаздат за убиствата на несреќниот народ.
Тие оформиле женска борбена единица и сега војуваат против исламските милитанти. Убиваат барем 10-тина дневно. Инаку, исламските екстремисти се плашат од смртта од женска рака, бидејќи во тој случај „немало да заминат во рајот после смртта“.
– Кога слушнавме дека исламистите пристигнуваат во Синџар, древниот дом на језидите, и убиваат жени – немаше место за размислување – вели Роза (22) најмладата во групата.
Милитантите ги заробувале мажите, жените и децата и ги присилувале да се одрекнат од својата вера и да преминат во исламот. Ако одбијат, ги носеле во камиони и ги воделе на полето на смртта и ги терале да ги копаат своите гробови. Потоа им пукале во тилот. Жените и девојките ги носеле во град и ги претворале во сексуални робинки.
– Тоа го правеа првенствено за да ги присилат да преминат во ислам, а втората причина е што сакаат да ги понижуваат жените – истакнува Роза, пренесува „Дејли мејл“.
Командирка на оваа женска герила е Деиџи (29) која вели дека нема да се откаже од одмазда и дека ќе убива џихадисти се додека може. Сите три истакнуваат дека до последен здив ќе го сопираат исламскиот екстремизам.
– Не верувам дека ќе можат да ме фатат, но ако се случи тоа, самата ќе си пресудам – вели Рапарин (24), а така мислат и другите.
– Кога ќе ги заробиме често гледаме дека се под влијание на дрога. А, нив најлошо им е да се борат со жени. Тоа го мразат и од тоа се плашат. Јас убив многу од нив и уверена сум дека ниеден од нив не го чекаат девици во рајот – раскажува Деиџи и додава дека не е работата жените само да се борат, туку и да донесат свои одлуки и да креираат политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





