| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни факти за човечкото тело

covecko telo

Научниците често своите истражувања ги завршуваат со резултат кој поттикнува нови прашања. Ви презентираме неколку интересни факти за човечкото тело кои можеби не сте ги знаеле…

1. Иако животинските сетила за мирис се поразвиени, нашиот нос може да запомни дури 50.000 различни мириси.

2. Тенкото црево е околу четири пати подолго од висината на просечен човек односно од 5.5 до 7 метри.

3. Крвта низ телото ни циркулира низ мрежа од крвни садови, долга 96.000 километри, а срцето отчукува 100.000 пати на ден.
4. На секои 2.5 квадратни центиметри од кожата се наоѓаат по 32 милиони бактерии. Поголемиот дел се од оние „корисни бактерии“ кои му помагаат на организмот.
5. Воздухот кога киваме достигнува брзина до 160 километри/час – затоа и вирусите толку брзо се шират во затворен простор.
6. Во текот на животот произведуваме 23.000 литри плунка – доволно да се наполнат два базени.
7. Јачината на ’рчењето има ист интензитет колку јачината на говорот – 60 децибели. Доколку истата достигне 80 децибели, тоа е јачина на машина за пробивање бетон. Толку силна врева е опасна за човечкото уво.
8. Бојата на косата влијае врз нејзината густина. Русокосите имаат најмногу коса – затоа што природната руса коса е најгуста.
9. Ноктите на рацете растат побрзо од оние на нозете, затоа што се повеќе изложени и се користат почесто. Најбргу растат на раката со која пишувате, поточно на најдолгиот прст.
10. По раѓањето, главата изнесува четвртина од должината на телото, па затоа на бебињата им е тешко да ја држат исправена. На возрасните, осмина од висината им отпаѓа на главата.
11. Без храна човекот може да издржи неколку дена, но по 11 дена поминати без сон – следи смрт.
12. На секои 3-4 дена се формира нов желудочен ѕид. Поради големата киселост во внатрешноста – нужна е ваквата појава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top