Вооружените сили на САД и сојузниците, кои се под се поголем притисок од плановите на Белата куќа да се сведе на минимум американското воено присуство во Авганистан, разгледуваат нови начини, вклучувајќи ја и можноста американските војници да останат во земјата и по 2016 година, пишува „Волстрит журнал“.
Командантот на силите на НАТО во Авганистан, генерал Џон Кембл испратил неколку различни предлози до Пентагон и НАТО, во кои ја изложил сопствената оценка за ризиците.
Тие вклучуваат задржување на бројноста на сегашниот американски контингент од десет илјади лица, намалување до осум илјади, намалување на контингентот за половина или задржување на сегашниот план, според кој до крајот на 2016 година треба да останат само неколку стотици лица, прецизира весникот, цитирајќи извори од командата на вооружените сили на САД.
Некои официјални лица стравуваат дека доколку силите на САД бидат премногу намалени, Владата во Кабул ќе потпадне под притисок на талибанците и другите екстремисти, додава весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.