Во новиот број на Република ќе читате:
Економските зони со извоз повисок од милијарда евра
Иако проекциите беа дека, за разлика од минатата година, годинава ќе имаме зголемување за 10 до 15 отсто на извозот, таа бројка е веќе надмината и до крајот на годинава може да се зборува за зголемување на извозот за 30 отсто. Во наредните две до три години бројката на компаниите што ќе инвестираат нема да влијае само врз зголемување на извозот, туку ќе биде и генератор на нови работни места
Лажна солидарност
Опасни игри со граници
До кога Балканот ќе има сила да го носи товарот ќе покаже времето, но по откажувањето на ЕУ од сопствените принципи и примената на политика на затворени граници реално е многу брзо да се очекува домино-ефект што дополнително ќе ја влоши ситуацијата, но и ќе ги наруши и така кревките односи меѓу народите на овие простори.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е сосема во право кога предупредува дека Западен Балкан не смее да стане жртва на проблемот и дека не смее да ја плати цената за кризата.
Во таа насока никако не може да одат в прилог најавите за можно враќање на бегалците во земјите од каде што транзитирале, ниту, пак, е од корист оправдувањето на политиката на затворени граници и на градење ѕидови. Спуштените рампи и бодливите жици не го решаваат проблемот, само го префрлаат во дворот на соседот. А тоа отвора нов проблем. Уште посериозен.
Месијански комплекс
Спасителот од Муртино пак во форма
Спасителот од Муртино се врати во форма и по неколку месеци пост, на голема врата, на малите екрани повторно го промовираше месијанското во себе. Истиот комплекс го има и омилениот опозициски финансиер Сорос. Тој, пак, тоа лично го признава. „Дефектот“ најчесто го поврзуваат со комплексот на супериорност, кој е очигледна нишка на спојување на многумина партијци. Едноставно, подобри се од другите. И точка…
Жртва наместо ловец
Обвинителка со специјални проблеми
Катица Јанева не е прва лига. Таа не е играч од македонската судско-адвокатско-експертска елита. Јанева нема искуство со медиуми, ниту со односи со јавноста. Нема свој советник за имиџ, ниту новинари-пријатели или агенција што ѝ ги пишува говорите. Но таа го има единствениот и најсилен алат во обидот да се создаде ситуација Македонија да продолжи на патот кон ЕУ и кон НАТО. Таа има шанса да ја промени Македонија и да ги расчисти маглите предизвикани од илегалните прислушувања и од употребата на вербални деликти во политички цели.
Странско изборно руво во ДИК
Ќе се крши ли сувереноста за мир во куќа?
Написите дека како решение за изборното законодавство се споменуваат странци – членови на ДИК, кои и би ја воделе комисијата на највисокиот државен орган во изборен период, ја разбранува јавноста. Таквите предлози се сѐ, само не решение, посочуваат познавачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст