| четврток, 6 декември 2018 |

Клаус бара референдум или предвремени избори поради бегалците

хавел

Поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел отфрли денеска став на владата за решавање на бегалската криза и побара од Кабинетот да го легализира неговиот став за воведување квоти за распределба на бегалци, распишување референдум или предвремени избори.

Клаус смета дека на Владата никој не и дал мандат да донесува одлуки кои според него, може во целост да ја изменат безбедноста и карактерот на државата.

Поради тоа, тој почна консултации со парламентарни и вонпарламентарни партии за да се утврди дали постои волја да се распише референдум.

Министрите за внатрешни работи во вторникот одобрија распределба на 120.000 бегалци врз основа на квоти. За таа одлука не постоеше консензус – против беа Чешка, Словачка, Романија и Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top