Десеттина метри должина и околу шест метри висина од потпорен ѕид се урнал и го прекинал сообраќајот од Шипковица кон Бродец, Вешала и Бозовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации, до уривањето на делот од ѕидот што бил долг дваесеттина метри дошло изминатата ноќ нешто по еден часот по полноќ и притоа нема повредени лица, ниту оштетени возила.
За настанот, информира Јосифовски, биле известени локалната самоуправа во Тетово и другите институции, кои треба да реагираат и да го остранат материјалот што го спречува сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.