Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ја поздрави одлуката на ЕУ за испраќање една милијарда евра на агенциите на ОН, кои им помагаат на бегалците во соседните земји на Сирија, како и за распределба на 120.000 лица во државите од ЕУ.
– Генералниот секретар ги повика европските лидери да направат повеќе, со цел да им гарантираат на бегалците достоен и хуман прием – се наведува во денешното соопштение на ОН.
Бан Ки Мун истакна дека е потребно да се направат поголеми напори за решавање на кризите и на конфликтите, кои ги принудуваат луѓето да бегаат, како на пример во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.