| четврток, 6 декември 2018 |

Од Гевгелија за Табановце вчера заминале околу 4.400 мигранти

­ Според евиденцијата на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст вчера од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 4.400, што повторно е зголемување на бројот во споредба на минатите неколку дена.

Migrants in FYROM

 

Благото покачување на бројот на мигрантите кои транзитираат низ земјава, не предизвика проблеми во функционирањето на службите за нивно прифаќање, сместување и евидентирање кои имаат голема помош од активисти на многу невладини организации и здруженија на граѓани.

Според податоците на Меѓународниот Црвен крст, нивните активисти вчера поделиле 420 пакети со храна, 85 пакети вода, 23 ќебиња, 480 кабаници за дожд од УНХЦР, 4 пакети за бебиња, 5 пакети бисквити и 3 пакети памперс пелени. Медицинските екипи интервенирале 300 пати без потреба од пренесување на пациентите до болницата во Гевгелија. и

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top