| четврток, 6 декември 2018 |

Диетата на нашите предци го убива ракот и други заболувања

4052d0b200f1244d67a9aea2fe80a64103-w=500-h=337

Строгиот режим на исхрана со намалено внесување калории, како што е 5:2 (пет дена вообичаена исхрана а 2 дена пост), може да му помогне на организмот да се одбрани од лошите болести, вкучително и ракот, дијабетесот и Алцхајмеровата болест, укажува новото истражување.

Студијата покажала дека вообичаениот режим на исхрана, три оброци дневно, плус ужина, всушност е ненормално во рамките на човековата еволуција и е во спротивност со природниот биоритам на организмот.

Режимот на исхрана што се нарекува 5:2, а подразбира вообичаена исхрана од пет дена, па дводневен пост, односно, внесување 500 калории дневно, одговара на начинот на исхрана каков што го практикувале нашите древни предци, ловци собирачи, кои ретко или никогаш не се разболувале од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Научната студија е објавена во ПНАС, билтенот на Националната академија за наука во САД.

Постот, односно радикално намаленото внесување калории, може да му помогне на организмот да ги намали маснотиите во крвта и да ги обнови клетките, и на тој начин да го забави процесот на стареење.

Исто така, може да ги намали туморите и да ги сочува невроните од оштетувања, кои предизвикуваат невродегенеративни нарушувања како што се Алцхајмерова и Паркинсова болест.

Во студијата се истакнува дека нарушувањата во природниот биоритам, или внатрешниот часовник, ги тера луѓето и домашните животни да јадат повеќе, со што стануваат подложни на дебелина, на дијабетес и на слични болести.

(извор: нмд.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top