Со традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ што ќе се одржи од денеска до 27 септември и симболично откинување јаболко официјално почнува годинашната берба на Преспанското јаболко.
На тридневната манифестација ќе бидат понудени голом број содржини од културно – забавен карактер со настап на балкански и домашни фолклорни друштва, детски музички хепенинг, фолк ѕвезди од македонската естрада, спортски активности…
Вечер ќе се одржат Балкански фолклорни игри и песни, каде покрај од земјава ќе настапат ансамбли од Србија и Бугарија. Следниот ден е посветен на фолк музиката со познати имиња од македонската естрада меѓу кои Наум Петревски, Зуица Лазова, Нино Величковски, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Благица Павловска…
Централната манифестација ќе биде в недела на големиот христијански празник Крстовден, кога симболично ќе биде отсечено првото јаболко и ќе почне бербата на над 100.000 тони преспанско јаболко. На Градскиот плоштад во Ресен ќе се одржи саемска манифестација каде ќе биде изложена механизација, алати и заштитни препарати поврзани со овоштарството, како и производи од јаболка. Паралелно предвидена е и тркалезна маса на тема „Интегрална заштита и современи методи на заштита во производството на јаболкото“.
Завршниот дел од „Преспанскиот јаболкобер 2015“ е резервиран за македонски поп ѕвезди, кога ќе настапат Ламбе Алабаковски, Дарко Илиевски, Влатко Лозановски, Дани Димитровска и Каролина Гочева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ја знаете ли легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?
-
Атињаните се собираат на протести за договорот со Македонија