За неколку дена Унгарија ќе заврши со изградбата на оградата долж границата со Хрватска, јави Хрватското радио.
На границата се подигнати столбови и бодликава жица во висина од 1,5 метри. Според радиото, работата во која се вклучени војници и полицајци се очекува да заврши на почетокот на идната недела.
Унгарија почна да подигнува ограда по 41-километар копнена граница со Хрватска. Бидумпешта поддржува тврд став кон мигрантите и веќе изгради ограда од бодликава жица по 175-километарската граница со Србија со што беше пренасочен мигранскиот бран кон Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)