Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва изрази уверување дека во следните неколку дена ќе биде решен спорот со Хрватска.
Вучиќ за РТС истакна дека верува дека проблемот околу затворените граници ќе биде завршен во најкраток рок, нагласувајќи дека тоа не зависи од Белград.
– Познат сум како песимистичар, но ќе дадам проценка дека ова прашање ќе се реши во следните неколку дена, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека со хрватските власти разговарал четири дена пред да бидат воведени контра мерки.
– Баравме да дозволат минување на камиони, а не се работи само за наши камиони. Потоа уште еднаш го одложивме применувањето на нашите мерки, но моравме да ја заштитиме нашата земја, бидејќи во спротивно ќе покажевме дека државата Србија не постои, објасни Вучиќ.
Српскиот премиер потенцираше дека Хрватска има проблеми со сите соседи.
– Ние немаме со никој друг проблеми. Мене никогаш не ми паднало на памет да и воведеме санкции на Македонија или да го повикам премиерот Никола Груевски и такво нешто да му кажам. Или пак да и воведеме економски мерки на Грција од каде и доаѓаат бегалците и од нив да бараме да ги пренасочуваат мигрантите на други земји – додаде Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст