Северна Кореја мора да престане да ја зголемува тензијата и повторно да почне дијалог со меѓународната заедница, порача денеска ЕУ откако Пјонгјанг соопшти дека е подготвен да изврши нуклеарен напад врз САД.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон истакна дека жали поради соопштението на Пјонгјанг дека повторно ќе го отвори нуклеарниот реактор Јонгбјон, од каде добива плутониум потребен за својата нуклеарна програма.
Ваквата одлука претставува „јасно кршење“ на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и на обврските преземени во 2007 година кога Северна Кореја се согласи за затворање на реакторот во шестостраните разговори за денуклеаризација, на кои учествувале и Кина, Русија, САД, Јапонија и Јужна Кореја.
– Постојаното кршење на прифатените меѓународни обврски, што се заканува со нестабилност во регионот, обврзно ќе доведе до еден посилен одговор на меѓународната заедница, истакна Ештон во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.