| четврток, 6 декември 2018 |

51.000 уапсени во полициска акција во Кина

OB-EQ655_cmafia_G_20091012095704Во акција против организираниот криминал во Кина се уапсени 51.000 осомничени лица.

Тримесечната операција е завршена со апсење во Хонг Конг, Макао и провинцијата Гуангдонг. Полицијата соопшти дека криминалните групи на Тријадата се шират со неверојатна брзина по Кина и дека криминалните активности со кои се занимаваат главно се шверц на дрога, коцкање и проституција.

Тријадите се транснационални криминални групи со седиште во Хонг Конг, Макао и Тајван, но кои работат на глобално ниво.

Нови извори со кои се финансираат тријадите се илегални заеми, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top