| четврток, 6 декември 2018 |

Се очекува годинава да се вработат повеќе лица од лани

песе

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски очекува до крајот на годината да се надмине минатогодишната бројка на нови работни места.

Коментирајќи го најновиот извештај на ИБМ, вицепремиерот Пешевски денеска изјави дека според податоците на Агенцијата за вработување минатата година имало 519 илјади работни места, а заклучно до овој момент таа бројка изнесува 533 илјади вработувања.

– Убаво е да се биде прв на некој извештај, но целта ни е да ги создадеме тие работни места со сета политика што ја спроведуваме како во делот на подобрување на инфраструктурата, деловната клима и намалувањето на даноците. Ќе продолжиме со создавање нови работни места и подигнување на животниот стандард на граѓаните – изјави вицепремиерот Пешевски по посетата на фабриката „ВП текс“ во индустриската зона Илинден.

Според него, за привлекувањето на странските инвеститори и отворањето нови работни места важна е и соработката на Владата со локалната самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top