| четврток, 6 декември 2018 |

Слабеењето зависи и од бактериите во цревата

Составот на цревната флора има големо влијание врз ефикасноста на режимот на исхрана наменет за губење на вишокот килограми, објавиле шведските научници, пишува „Охрид њуз“. Сите учесници во студијата добиле насоки да ја намалат консумацијата на јаглени хидрати од леб, компир, и храната богата со шеќери, а да го зголемат внесот на овошје и зеленчук.

После шест недели кај сите е забележано намалување на телесната тежина, но кај оние со помалку разновидна цревна флора е забележано поизразено подобрување на метаболитичкото здравје.

Научниците појаснуваат дека тоа е важно поради превенција од дијабетес тип 2.

Од друга страна, кај испитаниците кои на почеток од студијата имале поразновиден состав на цревната флора не се забележани вакви подобрувања.

Истражувачите веруваат дека новите наоди укажуваат на можноста за развивање на индивидуални диетни режими втемелени на присутноста на одредени бактерии во цревата на поединците, пишува стручното списание Cell Metabolism.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top