| четврток, 6 декември 2018 |

Кој јазик ќе доминира во иднина?

Можеби во прв момент ќе помислите дека англискиот јазик е тој што доминира и кој ќе доминира и во иднина, но на основа на анализата на податоците, англискиот јазик е на трето место според бројот на луѓето што го зборуваат овој јазик.

19683109335603c158f4007449843975_v4_big

Комбинираниот кинески дијалект го зборуваат повеќе изворни говорници, отколку кој било друг јазик. Потоа следи хинди и урду, кои имаат исто јазично потекло во северна Индија. Потоа следи англискиот јазик со 527 милиони изворни говорници. Арапски како мајчин јазик го говорат речиси 500 милиони луѓе, а шпански 389 милиони луѓе.

Предвидувањата варираат во зависност од локациите и намените. Бразил, Русија, Индија и Кина се сметаат за пазар каде што најбрзо се развива економијата. Со тоа, хинди, бенггали и урду до 2050 година ќе доминираат во деловниот свет, а нив ќе ги следат шпанскиот, португалскиот, арапскиот и рускиот јазик.

Германскиот лингвистички експерт Урлих Амон кој спровел петгодишно истражување на јазикот, ги издвојува кинескиот, шпанскиот и францускиот јазик со кои може да се разбереме со најмногу луѓе во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top