По раѓањето на бебето сите се трудат да пронајдат сличност со родителите. Од големиот број карактеристики, кои ќе ги забележите има и некои необични особини, за кои веројатно не сте забележале дека всушност се наследени од родителите. Од родителите ги наследуваме бојата на очите и косата, висината, формата на носот и други физички обележја. Сепак од големиот број карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, се наоѓаат и некои необични особини, за кои веројатно не сте претпоставувале дека се „генетски“.
Синдром на кивање
Дали ве тера гледањето директно в сонце на кивање? Или кивате два до три пати кога од темината на киното ќе излезете во осветлено фоаје? Во прашање е необичен синдром, кој се наследува од своите родители.
Немате толеранција на алкохол
Ако по неколку испиени голтки црно вино се чувствувате како да ве прегазил воз, заблагодарете им се на вашите родители на ниската толеранција на алкохол.
Стегање на рацете
Свиткајте ги прстите на двете раце заедно како да сакате да молите (без размислувања). Како ви стојат палците? Голем број на луѓето палецот од левата рака го ставаат на десната рака. Обидете се да ја замените положбата – чудно се чувствувате зар не? Луѓето што „природно“ ги држат рацете во обратната поза од вообичаената тоа го наследиле од нивните родители.
„Ген“ нa популарност
Ако сте комуникативнa, отворенa и популарна личност во вашето друштво и на работното место, можно е „генот“ на популарност да сте го наследиле од вашите родители.
Виткање на јазикот
Можете ли да го свиткате јазикот во пакет. Верувале или не, но оваа моторичка вештина ја немаат сите луѓе, а е пренесена од страна на мајката или таткото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.