| четврток, 6 декември 2018 |

Изјавувањето љубов преку социјалните мрежи е најголем грев

status-652Дали сте вие едно од лицата кои сите настани од својата љубовна врска ги делат преку социјалните мрежи? Ако е така, да знаете дека тоа ваше однесување иритира многумина.

Имено, најновото истражување покажува дека многу луѓе ги иритира објавувањето статуси поврзани со љубовен статус на лице, а посебно им пречи кога двојки меѓусебно изјавуваат љубов еден кон друг, на пример на „Фејсбук“.

Според коментарите на испитаници кои учествувале во истражувањето на британската веб-страница Match.com, изјавувањето љубов по пат на социјалните мрежи е најголем грев. Такво нешто е проследено со јавна расправија на социјалните мрежи, како и тажни статуси поради прекин на врската.

Интересно е дека сѐ повеќе луѓе ги користат компјутерите за документирање на своите љубовни врски, а најмило им е кога можат да објават дека се во врска. Другите луѓе на социјалните мрежи тој податок некако и го поднесуваат, но сите понатамошни информации ги сметаат за претерување.

– Многумина сакаат да поделат информации за својата љубовна врска, посебно кога е врската на почеток. Нема ништо лошо во тоа на своите пријатели да им дадете до знаење дека сте во среќна врска, но никако немојте да претерувате во тоа и јасно знајте со кого ги делите тие информации – вели Кејт Тејлор, експерт за љубовни врски по пат на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top