| четврток, 6 декември 2018 |

Муслиманите ќе владеат со Европа, пророштвата на најпознатите пророци се остваруваат

 

p

Мнoгу светски познати пророци предвиделе дека една од овиe години ќе започне голема светска војна. Еве што за војните со исламистите, колоните бегалци зборувале баба Ванѓа, Нострадамус и браќата Тарабиќ.

Баба Ванѓа – Муслиманите ќе владеат со Европа

baba-vanga

Вангелија Гуштерова, на Балканот добро позната како баба Ванѓа, предвидела дека по 2010 година ќе почне уште една голема светска војна. Таа претскажала дека војната прво ќе започне во земји каде што народот ќе војува меѓу себе (нешто што веќе се случува во Украина и во неколку земји на Блискиот Исток), а потоа ќе се прошири низ целиот свет. Таа предвидувала дека до 2020 та година земјата ќе биде опустошена, а пак до 2043 година на Стариот континент ќе владеат муслиманите.

Ванѓа велела дека во оваа голема катастрофа муслиманите ќе имаат и хемиско оружје во своите раце кое ќе им помогне да издвојуваат победа. Слепата старица предвидувала дека Американците во 2066 ќе го нападнат Рим кој тогаш ќе биде муслимански град. Тие пак, како што предвидувала Ванѓа, ќе користат оружје поврзано со климата, како наглотo заладување.

Таа за во 2014 предвидела три големи случки. Првата е голема поплава на пролет. Второто нејзинот видување било за Бугарија на која и претскажала подобрување кое ќе и го донесе еден висок човек. И за крај, како трето таа предвидела нова епидемија која најмногу ќе ги напаѓа мажите.

Нострадамус – Исламска држава е третиот антихрист

nostradamus-2q9zctcgjlcem1u03rikn4 (1)

Според некои толкувања на предвидувањата на Нострадамус, распадот на Европската Унија ќе започне оваа 2015 година. Ќе се фомираат групи од по три држави кои ќе направат свои целини во рамки на унијата, што пак ќе доведе до нејзино слабеење и распад.

Тој го предвидел и неочекуваното доаѓање на бегалци од Блискиот Исток за кое западните сили ќе немаат вистински одговор. Потоа, според него би требало да следи големо обединување на муслиманите.

– Од една арапска земја ќе излезе Мухамедовиот следбеник. Ќе влезе во Европа носејќи син турбан. Тој ќе биде терор за човештвото. Нема да има поголем хорор…

Дали можеби Мухамедовиот следбеник од стиховите на Нострадамус е Абу бакр ал Багдади, водачот на ИД. Многу експерти кои го толкуваат велат дека Нострадамус во своите пророштва наговестил дека нападите на муслимаснските држави ќе го уништат Израел, а потоа и Египет, делови од Африка, а ќе стигнат се до Италија каде ќе бидат запрени.

Нострадамус дури и го предвидува доаѓањето на третиот антихрист, по двајцата Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер. Тој предвидел дека неговата појава на светската сцена ќе значи крај на светот каков што го познаваме. Дали третиот антихрист е Исламска Држава како што многумина тоа го толкуваат, конкретен одговор никој не може да даде.

Како што претскажува најпознатиот светски пророк, истовремено во овој век ќе се случува нешто многу поопасно, затоа што човекот ќе се бори со поголеми сили. Според него, на Земјата ќе дојде до поместувања на половите, што пак ќе предизвика нова ледена доба на одредени делови на Земјата. Сегашниот Јужен и Северен пол ќе се пореметат, но не поради глобалното затоплување. На територијата на Северна Америка ќе се формира новиот Северен пол, додоека јужниот ќе биде југозападно од Австралија.

Нострадамус претскажал дека Земјата ќе падне во амбисот на планетарниот мрак заради еден астероид. Него тој го нарекува Месечевиот брат, а според Нострадамус тој ќе допринесе во новата ледена доба.

Најпознатиот светски пророк претскажувал дека Земјата во 2012 година ќе влезе во 13 годишен циклус кој ќе одлучи за судбината на планетава и човештвото. Тој циклус ќе заврши во 2025 година.

 Браќата Тарабиќ – Србија ќе стане арката на Ное

Jovan-Tarabic-1

– Кога мирисот ќе излезе од полското цвеќе, кога милоста ќе излезе од човекот, кога реките ќе го изгубат своето здравје, ќе настапи најголемата општа војна. Кога ќе избие оваа лута војна, тешко на оние војски кои ќе се борат на небото, а блазе на оние војници кои ќе војуваат по земја и вода, рекол Митар Тарабиќ, а со време експертите кои се занимаваат со толкување на стари записи дошле до заклучок дека најверојатно тој зборува за војна меѓу Русија и Западот.

Откако Митар починал, неговиот роднина Милош никому ништо не му претскажал со години, се до неодамна кога порачал дека Третата светска војна е блиску.

– Што се ќе се случи немојте ни да ме прашувате. Толку е страшно што не можам ниту да го опишам. Ќе трае долго, со години. Повеќе ќе страдаат невините него ли виновните. Ќе се пука и во најсветите места на светот… и тие ќе бидат срушени, претскажал Милош.

Тој кажал и неколку зборови за колоните бегалци кои ја преплавија Европа.

– Нема да летаат. Ќе доаѓаат со бродови. Секој брод ќе мора добро да се претресува…

Тој велел дека колони бегалци ќе чекаат за да влезат на Балканот, а Србија ќе им биде како арката на Ное…

Извор: медиа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top