Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс предупреди денеска дека доколку не се најде соодветен одговор за емигрантската криза во Европа, ќе има подем на десничарскиот екстремизам на континентот.
Тој додаде дека е потребна неопходна подобра заштита на границите на ЕУ поради стотиците илјади емигранти кои бегаат од војни и сиромаштија на Блискиот исток, Азија и Африка.
– Мора да обезбедиме државите во кои пристигнуваат тие луѓе да бидат подобро подготвени, да обезбедат луѓето да се регистрираат и оние кои немаат право на азил да бидат вратени – изјави Тимерманс за радио Би-Би-Си.
– Ако не бидеме во состојба да се справиме со тие прашања…ќе има подем на екстремната десница во европскиот континент- изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



