| четврток, 6 декември 2018 |

Милановиќ најави ескалација на спорот со Србија

спор

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска во Брисел изјави дека контрамерките на Србија кон Хрватска се смешни и најави ескалација на спорот.

Тој рече дека Хрватска нема да ја тргне блокадата на граничнот премин „Бајаково“, откако Србија воведе противмерки, иако тоа било планирано.

– Нема да ја отвориме границата. Јас планирав утре да ги отвориме границите, но сега мора да реагирам на ова – изјави Милановиќ.

– Жал ми е за тоа, но овие мерки се смешни – додаде тој по самитот на лидерите во ЕУ.

Според него, Загреб веќе има одговор, кој денеска ќе го образложи министерот за полиција Ранко Остојиќ.

Хрватска престана да пропушта граѓани со српски пасоши на своја територија откако Србија воведе забрана за увоз на хрватска стока.

– Ние ќе имаме мала штета, а тие голема – изјави Милановиќ и додаде дека нема да има војна и насилства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top