Европската унија поведе 40 прекршочни предмети во кои ќе се истражува вината на 19 земји-членки за непочитување на европските правила за азил. Европската комисија соопшти дека правилата за азил не се спроведени на исправен начин, како и дека обвинетите земји пропуштиле на бегалците да им обезбедат хуман третман и детално објаснување на правилата за поднесување барање за азил.
Потретседателот на ЕК Франс Тимерманс изјави дека „европскиот систем и правила за азил можат да функционираат единствено ако сите се придржуваат до правилата, што, за жал, не е случај“.
Со истрагата се опфатени Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Германија, Естонија, Грција, Шпанија, Франција, Унгарија, Ливанија, Луксембург, Латвија, Малта, Полска, Романија, Шведска и Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.