| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски камионџии го блокираа главниот премин на српско-хрватската граница

kamioni batrovci

Македонски камоиниџи рано изутринава го блокираа патничкиот сообраќај во меѓуграничниот појас на преминот „Батровци/Бајаково“ на српско-хрватската граница, јави Танјуг.

Според српската агенција, три камиони со македонски регитарски таблички, што превезуваат лесно расиплива стока, се запрени во меѓуграничниот појас на овој главен премин на границата меѓу Србија и Хрватска.

Камионџиите изјавиле дека се решиле на ваквиот потег незадоволни од неколкудневното чекање на границата, поради што стоката што ја превезуваат веќе почнала да се расипува. Тие се заканиле и дека расипаната стока ќе ја истоварат на самиот пат,

Според Танјуг, хрватската полиција се обидува да ги убеди да ги поместат возилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top