| четврток, 6 декември 2018 |

„Сите мои синови“ и „Кога лисјата паѓаат“ во Турски театар

Турскиот театар вечерва со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Сите мои синови“ од Артур Милер, во режија на Александра Кардалевска, а в петок на сцената на истиот театар ќе биде изведена претставата „Кога лисјата паѓаат“ од Решат Ѓунтекин, во режија на Салаетин Билал.

Преводот на текстот на  турски јазик за претставата „Сите мои синови“ е на Улку Тамер, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Маја Димовска, а музиката на Јордан Костов. Улогите ги толкуваат: Џо Келер – Салаетин Билал, Кејт Келер – Бедиа Беговска, Крис Келер – Селпин Керим,Ен Девер – Сузан Акбелге и Џорџ Девер – Неат Аали.

koga-lisjata-pagaat

Сценографијата за претставата „Кога лисјата паѓаат“ ја изработи академскиот сликар Владимир Георгиевски, костимите се на Благој Мицевски, а музиката на Џенгиз Ибрахим. Преводот на македонски јазик го направи Џанан Али – Џумкар. Улогите ги толкуваат: Али Риза – Елјеса Касо, Хајрије – Перихан Туна-Ејупи, Фикрет – Сузан Акабелге, Шефкет – Селпин Керим, Лејља – Несрин Таир, Неџља – Емине Халил, Ајше – Сара Осман, Ферхунде – Фунда Ибрахим, Наили – Атила Клинче, Абдуљвехап – Џенап Самет, Музафер – Неат Али и други.

Претставите ќе се изведуваат со титл на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top